еве што може да се случи при т.н. ’куса’ продажба.
минатата недела, ’хеџ’ фондовите се изнапозајмувале акции од Фолксваген (вкупно 15 - 20% од сите издадени) и ги продале по цена од околу 200 евра по акција, 100% убедени дека цената ќе падне и дека фино ќе заработат кога ќе ги купат на пониска цена, за да му ги вратат на сопственикот.
Арно ама, во понеделникот Порше објави дека неговиот вкупен удел во Фолксваген е околу 73%, по што се испостави дека на пазарот има само 5% слободни акции.
И, паниката почнала - се живо се дало во трка по акции од Фолксваген, за да ги затворат позициите и да ги вратат позајмените акции. Бидејќи фондовите немале избор и биле принудени да купат по секоја цена, акциите скокнале. Ама, не 3% или 30%, туку 348 (ТРИСТА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСУМ) отсто!
За да биде иронијата најголема што може, поради тоа што Порше бил сопственик на најголемиот број акции од Фолксваген, фондовите индиректно позајмувале од Порше и му ги продавале на Порше по цена од 200 евра, за неделава пак да ги откупат од Порше и да му ги вратат, ама овојпат по (највисока) цена од околу 1005 евра по акција!
Вкупно проценетите загуби на сите фондови се проценува на 18 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ (не долари или евра), за само два дена. Баш убаво ги ’заштитиле’ своите акционери од ризик. Баш ме интересира како ќе им го објаснат овој потег...
А, ме интересира и дали ова ќе биде можно сценарио и на македонскиот пазар на капитал, кога (или ако) еден ден и тука се дозволи тргувањето со туѓи, позајмени акции...