долго време сакам да кажам нешто општо за македонската реалност, ама Љубомир Фрчковски ме инспирираше и овој пат.
и, ќе кажам - доволно долго не тераат да ги знаеме листите на истите, па веќе никој сериозно и не ги зема. истите, па истите, АМА овој Фрчковски е навистина цар - ем не знае англиски, ем скока од тема на тема, ем е вулгарен без некоја видлива потреба, ем барем секое дете може да удри на спел-чек и да види дека неколку зборови се погрешно напишани на англиски јазик...
и да имаше да каже нешто оригинално (или барем позитивно), во моите очи Фрчковски е токму она што тој самиот го напаѓа - критизер без ниту еден единствен предлог за решение.
пишува за хонорар (и така треба), само дали пишува подолги (со неанглиски и немакедонски и нејазично специфични) текстови за да му се зголеми ’популарноста’ и во Дневник и за да може повеќе да наплати за секој нов наппис, или не може да ја контролира потребата од некаква си лична одмаѕда... кој ќе го знае, ама јас знам дека веќе не можам да го читам

!