Правила за однесување на Форумот
Преамбула - Правилата на овој Форум важат за сите корисници, модератори и администратори. Непознавањето на правилата не го оправдува прекршувањето на истите.
Аватари - се препорачува сликите на аватарите да не бидат преголеми или пренатупани со детали, кои нема да може да се видат во намалена форма, меѓутоа тоа му го препуштаме на изборот на корисникот на форумот. Забранети се аватари со увредлива содржина, порнографски, расистички, сексистички, екстремистички и неприфатливи на друг начин. Модераторите ќе го земаат предвид контекстот (шеговитост, иронија) при проценувањето на тоа дали некој аватар е навредлив или не.
Прекари - забрането е користење и прекари кои самите по себе се или асоцираат на увредлива содржина, порнографски, расистички, сексистички, екстремистички и неприфатливи на друг начин. Прекршителите ќе бидат предупредени или исклучени од форумот.
Почнување нова тема - пред да отворите нова тема, прегледајте го форумот за да се уверите дека некој пред вас веќе не отворил иста или слична тема. Темите кои се повторуваат без причина ќе бидат избришани, доколку модераторите одлучат така.
Наслови на темите - мора да бидат поврзани со темата што се покренува. Интерпункциските знаци наместо наслови, празни наслови, навредливи наслови и слично ќе бидат изменети или избришани, или пак ќе се брише целата тема, доколку модераторите одлучат дека темата заслужува да биде избришана.
Големи букви - пишување текстови со ГОЛЕМИ БУКВИ не е дозволено и ќе бидат избришани. Истакнување на одредени делови во самиот пост е дозволено, меѓутоа се советува умереност и користење разум при тоа.
Правила на комуницирање - од корисниците се очекува другите корисници да ги третираат со почит, без навредување, пцуење или омаловажување. Сите постови со единствена цел да се навреди некој, а особено оние во кои се користат пцовки, ќе бидат избришани, а корисниците кои упорно ги прекршуваат правилата на нормална комуникација ќе бидат предупредени и на крајот исфрлени од форумот.
Забрането е навредување на расна, полова, верска, политичка или која и да е друга основа која е навредлива за поединци или за група луѓе.
Цитирање - од учесниците на форумот се очекува да цитираат со мерка и со разум. Долгите цитати на еден или повеќе постови со повеќекратни кратки одговори или без нив не се препорачуваат и модераторите, по сопствена процена, ќе ги бришат.
Приватност - забрането е на форумот да се објавуваат туѓи лични податоци, како што е име и презиме, ЕМБГ, телефонски броеви, електронска пошта, адреси на живеење и слично. Постовите во кои се објавуваат такви податоци ќе се бришат, а оние кои ги објавиле ќе бидат предупредени или веднаш отстранети од форумот, во зависност од тежината на прекршокот и од дискреционата одлука на модераторот.
Приватни пораки - забрането е на форумите да се објавуваат приватни пораки на другите корисници и адресите на нивната електронска пошта. Таквите постови ќе се бришат, а, во зависност од тежината на прекршокот, корисниците кои ги објавиле ќе бидат предупредени или исфрлени од форумот.
Рекламирање - рекламирање услуги, веб страни, продажни на разни производи или услуги е строго забрането. Корисниците кои ќе го прават тоа ќе бидат експресно исфрлени од форумот, а рекламите ќе бидат избришани.
Спамови - забрането е нетематско објавување спамови на форумот, чија цел е единствено опструкција на расправите на форумот со постирање бесмислени постови и уништување на дискусијата. Таквите постови ќе се бришат, а прекршителите кои тоа го прават во повеќе наврати ќе бидат исфрлени од форумот.
Порнографски материјали - слики со порнографска и непримерна содржина (модераторите определуваат што е непримерно) не се дозволени на форумот. Постовите со таква содржина ќе бидат избришани, а корисниците ќе бидат опоменати или трајно ќе им се забрани постирањето.
Материјали заштитени со закон - објавување на материјали кои се заштитени со закон (авторски права)не е дозволено на овој форум, како ни објавување линкови на кои може да се најдат и да се симнат таквите материјали. Прекршителите на ова правило ќе бидат предупредени или ќе им биде трајно забрането да го користат форумот.
Забелешки во однос на администраторите и на модераторите - доколку сметате дека ви е нанесена неправда од страна на модератор или сметате дека на одредени корисници им се дозволува премногу или премалку, можете да се пожалите до модераторите на форумот со приватна порака. Доколку жалбата ви биде одбиена, а и понатаму сметате дека сте во право, пожалете се до уредништвото на форумот и испратете електронска порака на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
. Доколку и тие ве одбијат, нема понатаму. Имајте предвид дека и модераторите може да бидат казнети и дека нивниот збор не е последен, меѓутоа и дека не е мудро да им се замерите.
Сите пораки објавени на форумот претставуваат мислење на нивните автори, а сопствениците и вработените во порталот МК Фондови не сносат одговорност за нивните содржини. Исто така, сите постови на корисниците, по нивното објавување, стануваат сопственост на форумот. Доколку некој корисник сака неговите постови да се избришат од форумот, нека го извести модераторот. Одлуката дали ќе се избиршат сите постови на ореден корисник ќе биде усогласена договорена меѓу супермодераторот и модераторот.
Со прифаќање на овие правила, се обврзувате дека нема лажно да се претставувате, да се заканувате, да загрозувате други, да ги навредувате по која и да е основа, или да ги повредувате правата на другите и да ги кршите законите на Република Македонија. Порталот ги задржува сите права на бришење, менување, преместување и затворање на темите на форумот кои не се во согласност со овие Правила.