|
Инвестициски фонд се основа за здружување на парични средства наменети за инвестирање, прибрани од домашни или странски физички или правни лица и/или од Р. Македонија преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со инвестициони фондови, односно друштво за управување со приватни фондови. Тоа е модел на индиректно вложување. Работењето на инвестицискиот фонд е регулирано со Законот за инвестициски фондови и е под надзор на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
|