ЗОШТО вие со нас? - Нашата надеж е дека многу бргу ќе ја увидите предноста од тоа да се биде промотивно присутен на место од кое пораката стигнува каде што треба и навремено, по пристапни цени. Нашите клиенти вклучуваат голем број домашни стратегиски и реномирани инвеститори во областа на градежништвото, земјоделието и хартиите од вредност. Ефектите може да бидат позитивни за нас, само и само ако се позитивни за вас. Затоа и стратегиски ги нудиме овие услуги по цени кои за вас значат мал издаток, но истовремено и покривање голема и релевантна публика. Поедноставните банери бесплатно ги дизајнираме за вас, согласно вашите идеи и инструкции.  ЗОШТО ние со вас? - Нашиот интерес е едноставен: наместо самите да се пробиваме на непознати пазари, сакаме да оствариме долгорочни и партнерски односи со потенцијални клиенти, искористувајќи ги вашата позиција, искуство, бренд и веќе воспоставени деловни односи со значајни фирми и институции.Во продолжение, погледнете ги нашите промотивни цени за објава на вашиот банер на нашиот портал.
|
|