| 4.09.2008 11:48 | ||
| Индустриското производство во Црна Гора се зголемува |
|
|
По стагнирањето од неколку години на индустриското производство во Црна Гора, се забележа зголемување, пишува Победа. Во првите шест месеци од оваа година е остварено 4% пораст, во однос на 2007 година, беше соопштено од страна на Централна банка. Не можеме во целост да бидеме задоволни, бидејќи стапката на раст е помала од растот на БДП, кој што делумно е поради ниското ниво на производство на електрична енергија во првата половина од оваа година. Во првите шест месеци е забележан и раст во секторот за вадење на руда и камења и тоа со 25.4%, пораст има во производството на електрична енергија, гас и вода (29.7%), додека пак со пад има во преработувачката индустрија со 4.2% намалување, се вели во соопштението на Централна банка. Како последица на брзиот развој на туризамот и големите цени на недвижностите присутен е исклучително брз развој на градежништвото. Вкупниот прелив на капитал од странство изнесува 913.9 милиони евра, со што го поттикнува економскиот развој. Нето преливот на странските инвестиции изнесува 311.5 милиони евра, односно 5.3% помалку во однос на првата половина на претходната година. Ова намалување е предизвикано по основа на продажба на недвижностите и делумно заситениот пазар.Се поправа структурата на СДИ, и тоа со значајно вложување во претпријатија и банки. Се повеќе е присутна тенденцијата на пријавување на домашните претпријатија со инвестирање во други земји, и тоа за првиот дел од оваа година биле инвестирани 27.5 милиони евра, се соопштува од ЦБ. (Сеебиз)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









