| 12.09.2008 10:35 | ||
| Берзанскиот индекс МБИ-10 во минус 1,41% |
|
|
Најголем пораст остварија акциите на ЗИМ Скопје од дури 104%. Просечната цена на оваа акција изнесува 1.224,00 ден, а поминаа 505 акции. Акцијата на КЈУБИ, забележа скромен пораст од 2,53% ( 1.500,00 ден. ), следена од акцијата на Скопски Пазар која го задржа денес позитивниот тренд од 1,96%. Поголема количина обврзници се истргуваа од РМ01, 5.494 обврзници, и додадоа само 0,11% на својата вредност. Најголем пад имаат акциите на Охим Гес Гостивар, потонувајќи 14,29%. Потоа следи Уни Банја со намалување од 7,21%, додека акциите на Топлификација, РЖ Ленти и на Попова Кула денес остваруваат сличен пад од над 5%. Од вкупниот промет остварен на денешното тргување, поголемиот дел е благодарение на транскациите со акциите на Алкалоид од над 3 мил.ден, иако вредноста на оваа акција е во минус.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









