ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
11.11.2007 17:44
Пензиски фондови Испечати Е-пошта

Досегашниот пензиски систем беше организиран според принципот на тековно финансирање. Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија се собираа придонесите од тековните вработени и од нив се исплатуваа сегашните пензионери.

Бројот на варботени лица, односно активни осигуреници во голема мера се намали, животниот век на човекот се продолжи, а со тоа и бројот на пензионери кои користат пензија пропорционално се зголеми. Од причина што соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите се намали, досегашниот принцип на тековно финансирање (сегашни осигуреници плаќаат за сегашни пензионери) почна да се соочува со сериозни проблеми.

Предизвикано од општиот тренд на стареење на населението во светот, по примерот на другите земји кои веќе воведоа реформи во пензиското осигурување, а со цел да се надминат овие очекувани состојби, Република Македонија изврши реформа на пензискиот систем, т.е. воспостави повеќеслоен систем во пензиското осигурување.

Неопходната реформа во пензискиот систем во Р. Македонија се воведе со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери.

Структура на реформираниот пензиски систем

Прв столб- задолжителен, функционира на принцип на генерациска солидарност (pay as you go систем). Од придонесите во висина од 21,2% од бруто платата на сегашните вработени се финансираат сегашните пензионери.

Втор столб- задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Се формираат отворени пензиски фондови во сопственост на нивните членови, а на нивните лични сметки се издвојуваат 7,42% од бруто платата. Средствата собрани во овие фондови не се трошат за исплата на сегашните пензии, туку се инвестираат со цел да се зголеми нивната вредност и кога ќе се исполнат услови за тоа, се користат за исплата на дел од старосната пензија.

Третиот столб- претставува доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и ќе биде воспоставен во блиска иднина. Тоа ќе биде можност на доброволна основа, со дополнителни уплати да се обезбеди поголема пензија.

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови