 | 6,5% раст на БДП нема да и биде доволен на Бугарија |
Предвидениот раст од 6,5% на бруто домашниот производ нема да и биде доволен на Бугарија за да може да ги стигне развиените земји кои се дел од европското семејство. Според доцентот Бојан Дуранкев, предвидениот процент на инфлација за наредната година, кој ќе изнесува 5,1%, е премногу висок. Предлог буџетот не ги решава ниту социјалните проблеми, оставајќи ја просечната плата на 240 лева. Предлог решение на експертска група од Бугарија е економскиот раст да изнесува 10-12%, а инфлацијата да биде пониска за да не го неутрализира. За наредната година, минималната плата би било добро да изнесува 350-400 лева, со тенденции за пораст во наредните години. Според Дуранков, во Буџетот за 2009 година, не се опфатени два нови аспекти- падот на финансиските пазари и падот на цените на еврофондовите во Бугарија. (Фокус.бг)
|