| 24.09.2008 14:37 | ||
| Атинската берза денес |
|
|
Грчкиот пазар денес беше под силен притисок, забележувајќи пад, а индексите забележаа поголеми загуби од оние на странските пазари. Акциите од банкарскиот сектор имаа најголеми загуби, кои растеа се повеќе откако се откриваа прогнозите на аналитичарите за Американскиот план за спас. АТЕКС затвори со 3.062,72 поени, што е пад за 3,55% од неговата вредност во понеделникот. Индексот блу чип ФТСЕ/АТЕКС 20 загуби 4,06% од својата вредност и затвори на 1.674,95 поени. Сите блу чипови паднаа- предновдени од Митилинеос(-6,81%), Кипарска банка (-6,69%), Интралот (-6,61%), ЕФГ Еуробанк (-5,85%) и Паблик Пауер Корпорејшн (-5,71%). Индексот на банкарскиот сектор падна за 5,21%, а во текот на тргувањето се спушташе и за 6,71%. Профитот на крајот на тргувањето изнесуваше 271,9 милиони евра. (Асе.гр)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









