
| Иако оцената на обврзниците останува стабилна - Баа3, нивната перспектива веќе не е |
Најпрестижната рејтинг агенција во светот, Мудис, ги намали очекувањата од државните обврзници на Бугарија, како на оние деноминирани во девизи, така и на обврзниците чија вредност е во локалната валута, јавува Ипо. Според Мудис, перспективите за подобрување на макроекономската клима во земјата во текот на наредните 18 месеци се влошени, главно поради внатрешните дисбаланси, а кон тоа може дополнително да придонесе и надворешно-трговскиот дефицит на земјата, во комбинација со забавениот глобален економски раст. Освен тоа, надворешниот долг на Бугарија е исклучително високо ниво, па сето тоа ќе и создаде тешкотии на бугарската економија, особено во сегашната тешка состојба на планот на меѓународната економија.
|