| Најголем промет за Комерцијална банка |
Досега најголем ценовен пораст забележаа акциите на Трансбалкан Гевгелија, чија цена скокна за 38,71% на 430 денари, а акциите на РЖ Интер Трансшпед пораснаа за 13,38% на цена од 1000 денари. Од МБИ-10, 3 акции забележаа помал пораст: Гранит(+0,40%), Топлификација (+0,40%) и Охридска банка (+0,21%). Освен Жито Лукс, кој го задржува падот од 3,16%, во пад се уште 4 акции, сите од МБИ-10: Стопанска банка Битола (-0,69%), Макстил (-0,51%), Алкалоид (-0,03%) и Комерцијална банка (-0,02%), која може да се пофали со најголем промет од досега тргуваните акции, 2.988.843,00 денари. МБИ-10 е во минус за 0,02%, а вкупниот промет изнесува 4.922.925,00 денари.
|