| 29.09.2008 12:44 | ||
| Остар пад во европскиот банкарски сектор |
|
|
Европските акции, по само еден час тргување остро паднаа поради стравот од ескалација на кредитната криза. Најавите дека 49% од Фортис банка се национализирани и дека британската Б&Б банка веројатно ќе биде национализирана ги загрижија инвеститорите кои почнаа да се сомневаат дека американскиот план за спас ќе биде доволен за стабилизирање на финансискиот сектор. ФТСЕурофрст 300 е во пад од 3,2% кој е предводен од банкарскиот сектор. Поради колапсот на банката Фортис, индексот БЕЛ 20 потона за 3,8%, ДАКС 30 индексот падна за 3,3%, а поради банката Б&Б, британскиот ФТСЕ 100 падна за 2,9%. Инвеститорите се мошне претпазливи пред гласањето на американскиот Конгрес во врска со планот за спас, а кредитната криза ескалираше во Европа. Европските влади се подготвени да им излезат во пресрет на своите клучни банки кои проаѓаат низ тешко време, а инвеститорите ги доживуваат негативно национализациите на банките. Новостите од банката Фортис и Бредфорд и Бингли го засилија стравот од проблемите кои настанаа во последниот период, кои можеби и нема да можат да се решат со 700те милијарди долари. Загрижени сме дека нето добивката на претпријатијата веќе нема да биде добра, изјави Бернард Мек Алинден, пазарен стратег на НЦБ Стокброкерс од Даблин. (Пословни)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|










