| 29.09.2008 21:29 | ||
| Македонија ќе добие поддршка за реформите и развојот |
|
|
Eвропската комисија ќе издвои 244,3 милиони евра за Македонија за поддршка на реформите и развојот во периодот од 2008 до 2010 година во рамките на програмата за претпристапна помош. Европската комисија денес го усвоила планот за финансиска помош на земјите од Западен Балкан и Турција во вкупен износ од 4,471 милијарди евра. Средствата се наменети за земјите со статус кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ со цел за јакнење на политичките и економски реформи и развој за да би ја оствариле својата европска перспектива. Во рамките на планот за помош од 2008-2010, Европската комисија наменила 359,1 милиони евра за Косово, 99,9 милиони евра за Црна Гора, за Босна и Херцеговина 269,9 милиони евра, 451,4 милиони евра за Хрватска, 584 милиони евра за Србија и 245,1 милиони евра за Албанија. Најмногу средства и доделила на Турција, вкупно 1,758 милијарди. (Веста е преземена од Сител телевизија)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









