| 4.04.2008 10:48 | ||
| Има ли изгледи за политичка криза? |
|
|
|
Една од можните последици на самитот во Букурешт е сериозна политичка криза во Македонија. Какви се изгледите тоа и да се случи?
Би требало да биде многу (политички) логично и лесно за претпоставување. Веќе долги години Македонија живее во плурализам; ги имаме преболено детските болести на раздвојување по етничка линија, па Охридскиот рамковен не натера (што не ни е навика) да подразмислиме, па се решивме да ја земеме судбината во свои раце, заборавајќи ги породилните маки на ’младата’ македонска демократија и на преминот од ’хуманиот’ социјализам кон’слободниот пазар’ кој сам ги регулира односите межу сите играчи. Во целиот тој процес се изродија (и се раздружија, па пак се здружија) мноштво политички партии, главно се уште поделени по етнички линии. Меѓутоа, не се изроди и една силна централна партија која може да влијае врз ’Курто’ и ’Мурто’ и конечно да им каже на луѓето што е добро за сите кои живеат во Македонија што можат ТИЕ самите да направат за СЕБЕ и за СВОЈАТА земја. Без ММФ, Светски банки, ЕБОР, ЕАР, ИФЦ и сличните ’засегнати чинители’. Да бев јас Албанец роден, одгледан и останат во Македонија и за време и по конфликтот од 2001 година и од мене да бараа да бидам лојален и да плаќам даноци, струја, вода и слично, а да не ме повикаат во Букурешт на средба на која се решава судбината и на МОЕТО парче земја, мојата реакција би била сигурно во стилот - е, па, нека се... САМИ! Знаат сите дека моќта на албанското лоби (ако веќе сакаме да веруваме дека ’шиптарите’ ги интересираат само нивните каузи и дека е можно Косоварите, Албанците од Албанија и оние од западна Македонија да направат Голема Албанија) во цеиот свет е една од најголемите. Што на оние кои се бават со легален бизнис, што на оние од другата страна на законот. И, македонскиот политички врв ПОВТОРНО заборава дека и ТИЕ можат да помогнат, веројатно во сегашната конјуктура и многу повеќе од кутриот Буш. Е, па, не се за обвинување. Ама, ете, пак во македонски стил - ќе видат Грците, ќе платат за ова, ќе не признаат, ќе... ќе... До кога во ’ќе’? А сега и овде? А, бре, Македонче, бре Македонче... џабе се спремаш... Захари Арсенков
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|








