 Вчера, индексот падна за цели 8,4% - најмногу од почетокот на годинава. Денес, не само што се анулираше падот, туку отиде и во плус 1,66 проценти. Зошто?
Уште само една потврда дека психологијата е во сржта на се. Па и на македонскиот пазар на капитал. Паниката, неисполнетите очекувања, разочарувањата, преголемата изложеност на непотребни информации - сите овие не се причини за рационални одлуки. Па, сепак, токму тие стоеја зад вчерашниот пад на цените на берзата во Македонија. И, по кој знае кој пат, неразумните продаваа, мудрите купуваа. Кој знае каде ќе оди МБИ оттука натаму? Е, тој кој што знае ќе профитира. Ама, тој и таквиот обично не е политичар.
|