| МБИ 10 затвори со минус од 1.09%
|
Вкупниот денешен промет на кајот од тргувањето изнесуваше 40.482.667,66 денари. Како најтргувана акција беше акцијата на Комерцијална банка остварувајќи промет од 16.423.174,00 денари. Со најголем пораст беа Раде Кончар, РМ01 и РМДЕН од 4та емисија. Својата вредност ја намали ТТК банка и тоа за 5,34 отсто (1.356 ден), па следи Гранит со 4,98% во минус, со поминати 7.006 акции. Акцијата на Макпетрол имаше пад за 2,53 отсто, додека пак просечната цена изнесуваше 60.678,38 денари. Најмала загуба имаше Стопанска банка Битола (0,41%), што успеа барем малку да исплива во помала загуба.
|