| 9.04.2008 14:15 | ||
| Успешно претставување на кластерот „БИПОМ-М” во Осиј |
|
|
|
Македонскиот Кластер за производство на приклучна земјоделска механизација и опрема за сточарско производство „БИПОМ-М” за првпат се претстави на 15-иот Осјиечки пролетен саем за земјоделие и прехрана, кој свечено беше отворен на 6 март 2008 година.
На отварањето на овој значаен саем, кој се одржува под покровителство на Министерството за земјоделие, рибарство и рурален развој, Осијечко-Барањска жупанија, градот Осијек и Хрватското здружение на работодавци, Македонија беше претставена со големи почести како земја – партнер, а од уважените гости беше искажано огромно задоволство за присуството на македонските компании на саемот. Ова прво претставување на македонскиот Кластер за производство на приклучна земјоделска механизација и опрема за сточарско производство „БИПОМ-М” во Осијек беше овозможено со поддршка на Министерството за економија, согласно Програмата за подобрување на конкурентноста на македонските производи и услуги 2008. Одлични оценки доби и досегашната соработка помеѓу кластерите на Република Македонија и Република Хрватска во насока на воспоставување на кооперативни програми, пласман и сервисирање на опремата за земјоделство и за сточарско производство, која секако, треба да се продлабочува. За прв пат после 14 години одржување на Осијечкиот саем, беше избрана земја-партнер, а со самиот факт што на Република Македонија и’ се укажа ваква чест, во име на Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска се обрати г-н Данчо Петровски. Беше укажано дека во овој момент нашите две земји ги поврзува влезот во НАТО, но не треба да се заборави и економската соработка. Во рамки на саемските активности се одржува и бизнис-форум, на кој се презентирани можностите за развој на земјоделието, како и мерките и програмите за развој на кластерите. Секако, свои презентации имаа и македонскиот и хрватскиот кластер. На 2000 метри квадратни затворен простор и 5000 метри квадратни отворен простор на 15. Осјиечки пролетен саем за земјоделие и прехрана земаа учество над 300 излагачи, производители од Хрватска, Чешка, Словенија, Србија и Македонија.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|








