| 14.10.2008 11:02 | ||
| Позитивен ден на тргување на македонската берза |
|
|
Вкупниот обем на денешното тргување изнесува 44.408.246,61 денари. МБИ -10 (2,58%) и МБИД (0,68%) заклучија со позитивен предзнак, додека ОМБ остана без промена (0,00%). Поголемиот дел од најтргуваните акции завршија со дополнително покачување на својата вредност. Од банките, Комерцијална и Охридска банка дојдоа на повисоко ниво, односно 3,46 (4.412,56ден) и 2,63 отсто (3.900ден), соодветно. Со најголем пораст од останатите акции беше РЖ Услуги со 9,09 отсто, Окта (7,19%), додека акцијата на Фершпед затвори со 5,42 отсто во плус. Со приближно движење беше и ТТК банка, чија што акција оствари пораст од 4,99 отсто. Во плус се најдоа и Македонијатурист, Кјуби осигување, Жито Вардар и Стопанска банка Скопје. Државната обврзница за денационализација од седмата емисија оствари раст од 0,35%. Само пет акции завршија со негативен исход. Најмногу падна Макстил (-4,87%), Тутунска изгуби 2,98 отсто, а тука некаде беше и загубата на Попова кула (-2,15%). УНИ банка и РЖ Институт, исто така, се најдоа на црвената листа.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









