ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
16.04.2008 07:59
Партиите започнаа со забрзани активности Испечати Е-пошта
Со оглед на кусиот рок до изборите, партиите започнаа забрзано да ги утврдуваат стратегиите за настап на изборите и преговорите меѓу себе за формирање предизборни коалиции.
Утрински весник излезе со коментар дека во тек е формирање на два блока - едниот со конзервативен пристап и со ВМРО-ДПМНЕ на чело, а другиот, наводно со проевропска ориентација и под водство на СДСМ, кој ќе се обиде да ги обедини опозициските сили во противнапад на „партијата која се повеќе ја оддалечува земјата од највисоките цели - интеграција во НАТО и ЕУ“.  со амбиција да ги обедини опозициските сили во голем проевропски ориентиран сојуз. Во вториот блок, според најавите, е можно да влезат и ЛДП, НСДП и либералите на Стојан Андов. ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека Мартин Протуѓер ќе ја води кампањата, додека СДСМ се воздржаа од објавување на планираната стратегија и тактика за изборната трка. 
Партиите од албанскиот блок, се чини, се помалку обединети околу заеднички цели и платформи. 
Според СИТЕЛ, ДПА дури по десетина дена ќе одлучи кој ќе биде шеф на изборниот штаб, во кој правец ќе се движат изборните пораки, и кои ќе бидат нејзините кандидати. Во моментов, раководството е на терен на средби и трибини со гласачите, на кои им се претставуваат досегашните достигнувања на Владата, но и проектите во кои партијата играла поголема улога. 
ПДП, најверојатно самостојно ќе влезе во изборниот процес. Но, соработката со коалициониот партнер останува пред и по изборите, вели лидерот Вејсели. Заедно со ДПА одиме против ДУИ, дода, тој, како што јавува СИТЕЛ.
Изборниот штаб на партијата на Ахмети, ќе функционира под раководство на градоначалникот на Чаир Изет Меџити. И ДУИ, на 1 јуни самостојно ќе се бори за довербата на албанскиот електорат.
Неофицијално лидерите на ДПА, ПДП и ДУИ - Тачи, Вејсели и Ахмети, копјата како носители на листа ќе ги вкрстат во шестата изборна единица.
Судејќи според вжештената атмосферата што се создаде во земјата поради последните настани на политичката сцена и, според сентиментот во јавноста, историските моменти околу влезот во НАТО и предолгата ’борба’ за името со соседна Грција, изгледите се дека изборната трка дополнително ќе ја крене температурата и дека се можни и инциденти. Според медиумите, ВМРО-ДПМНЕ не само што побарала да се усвои кодекс од страна на партиите за фер однесување за време на изборите, туку и побарала ОБСЕ да испрати набљудувачи.
Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови