ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
15.10.2008 11:56
Средба на балканските берзи Испечати Е-пошта
Sample Image
Средбата на пазарите на капитал од Југоисточна Европа ќе се одржи во Виена
Бањалучката, Белградската, Љубљанската, Македонската, берзата Монтенегро, берзата НЕХ, Сараевската и Загрепската берза денеска и утре по првпат заедно ќе учествуваат на дводневна меѓународна конференција за инвеститори.  Првата меѓународна средба на пазарите на капитал од Југоисточна Европа ќе се одржи во Виена, а целта е да се промовираат најголемите издавачи на хартии од вредност од регионот и нивните пазари на капитал, како и да се привлечат меѓународни инвеститори, соопшти денеска Македонската берза.

На собирот ќе се претстават одбрани компании од сите берзи кои ќе одржат индивидуални состаноци со инвеститори. На првата меѓународна средба ќе учествуват 21 регионален издавач на хартии од вредност. Од Македонија на конференцијата ќе учествуваат компаниите Гранит АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Топлификација АД Скопје, кои се котирани на Македонската берза.

Со Меморандумот за партнерство, кој членките-берзи го потпишаа во декември 2007 година со цел да се зголеми препознатливоста на регионалниот пазар на капитал и на поединечни издавачи на хартии од вредност од регионот, е предвидено промовирање на регионалните компании кај регионалните портфолио инвеститори.

Настанот во Виена ќе го посетат 70 институционални инвеститори, а се закажани и 150 индивидуални средби. Во рамки на Меморандумот за партнерство, Македонската берза учествуваше во воведувањето на двата регионални индекса: ДЈ СТОХХ Суб Балкан Тотал Маркет Индех и ДЈ СТОХХ Суб Балкан 30, кои ќе придонесат за зголемување на меѓународната препознатливост на издавачите од Македонија и нивното значење во регионот.

Пазарите на капитал од Југоисточна Европа првпат се претставија на заедничката средба во јуни 2008 во Загреб, но таа беше од регионален карактер.
 
(Сител)
Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови