| 16.10.2008 08:30 | ||
| Цената на нафтата со драстичен пад |
|
|
Следејќи го драстичниот пад на светските берзи, цената на црното злато продолжува со надолниот тренд. Фјучерсите за достава на сирова нафта ја намалија денес вредноста под 73 долари следено од големиот пад на американските и азиските акции. Падот на индексот С&П вчера беше најголемиот забележан од 1987 г. Аналитичарите за Блумберг коментираа дека очекуваат силен пад на извозот од Азија, што ќе предизвика негативно влијание на побарувачката. До овој момент нафтените бикови успеваа да ја поддржат цената на нафтата, наспроти лошите вести од западните економии, со аргументи дека економиите на пазарите во подем во Кина, Индија и др. ќе го компензираат падот на развиените економии со зголемена побарувачка од нафта од нивна страна. Договорите за достава на лесна сирова нафта за месец ноември се намалија за 2.1 отсто (1,58 долари) до 72,96 долари за барел. Тоа беше најниската вредност остварена од август минатата година. За време на вчерашното тргување, црното злато загуби 5.2 отсто (4,09 долари) до цена на затворање на тргувањето од 74,54 долари за барел. (Инвестор Бг.)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









