| 17.10.2008 14:46 | ||
| Бруто добивка на Имекс банка од 8.8 мил.куни |
|
|
Активата на Имекс изнесува 1.2 млрд.куни и е зголемена за 38% во однос на набљудуваниот период. Вкупните приходи изнесуваат 66 мил.куни и се зголемени за 33 отсто, од кои каматните приходи забележаа раст за 37%, додека некаматните приходи се зголемени за 15%. Вкупните депозити изнесуваат 992 мил.куни што претставува пораст од 36%:од нив депозитите на правните лица и обртниците изнесуваат 510 мил.куни и се зголемени за 41%, додека штедењето на граѓаните изнесува 482 мил.куни и е зголемено за 30 отсто. Во третиот квартал забележан е рекорден пораст на штедење на граѓаните, што за девет месеци се зголеми за 88 мил.куни, соопштуваат од Имекс. Вкупните кредити изнесуваат 809 мил.куни и се зголемени за 49 отсто. Од тоа кредитите на правните лица и обртниците изнесуваат 652 мил.куни, или 93,1 мил.куни и претставува 81 отсто од вкупно одобрените кредити, додека кредитите на граѓаните изнесуваат 157 мил.куни и претставува 19 отсто од вкупно одобрените кредити. (Пословни хр.)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|










