Во преговарачкиот тим за името, вчера дојде до сериозни препукувања околу тоа кои се ингеренциите на специјалниот пратеник, а кои на државниот врв, кој е дел од тимот.
На повикот на специјалниот пратеник Никола Димитров до државниот врв да се води од единствена платформа и од препораките и ставот на американскиот претседател, македонскиот премиер Груевски реагираше со изјава дека секој во тимот за преговори за името треба да се воздржи од злоупотреба на својата позиција и улога, истакнувајќи дека е невообичаено главниот преговарач да излегува во јавноста со ставови кои се разликуваат од оние на тимот и да ги критикува истите. Димитров на тоа одговори дека тоа го сторил воден од највисоките државни интереси, поради кои и ја прифатил функцијата пред четири години.
|