| 20.10.2008 10:43 | ||
| Поголем дел од акциите со негативен предзнак |
|
|
МБИ 10 и понатаму тоне во негативната зона (-0,49%). Акцијата на ЗПКО (4.052 ден.) и Стопанска Битола (4.100 ден.) останаа на последната промена, додека пак акцијата на Алкалоид се зголеми за 1,55% (5.283,69ден). Се подлабоко во минус се најдоа акциите на Макстил чија вредност се намали за -6,51 отсто (280,95%). Акциите на Охридска банка (-1,37%, 3.748 ден.) и Комерцијална банка (-0,83%, 4.301,55 ден.) изгубија дополнително од својата вредност. Негативното движење на акцијата на Гранит и понатаму продолжува, па така со последната промена, нејзината просечна цена изнесува 901,15 денари (-1,24 отсто). Незначителен пад на вредноста беше регистриран кај акцијата на Топлификација која што изгуби 0,05 отсто од својата вреднсот, (5.151 ден). Од останатие акции со кои што се тргуваше во овој половина час сите акции останаа на истото процентуално ниво од претходниот половина час. Вкупниот промет до сега изнесува 96.048.370,95 ден, заедно со блок трансакцијата. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









