Највисоките претставници на меѓународната заедница ја повикаа земјата да обезбеди фер и демократски избори и да ја докажат зрелоста на своите институции.
Ерван Фуере од ЕУ, Џорџо Радикати од ОБСЕ и амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ упатија апел до сите политички партии и до државата јасно да ја потврдат евро-атлантската ориентација на претстојните избори, со тоа што ќе обезбедат мирни, фер и демократски избори. На ниту една партија не треба да и се дозволи да ја загрози иднината на земјата преку изборни злоупотреби, измами, застрашувања, или насилство, изјавија тие во заедничкиот апел.
|