ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
20.10.2008 11:06
Денешното тргување затвори со повеќе пари Испечати Е-пошта
Sample Image
МБИД со спектакуларен пад 
Денешниот промет изнесува 106.207.700 денари, каде што на редовниот пазар му отпаѓаат  22.496.832, а околу 2.510.368 ден од прометот беа остварени на редовниот пазар. Најголем дел од прометот и припадна на блок трансакцијата со акции од Скопски пазар, при што се остварија 81.200.500 денари промет.  Вкупно беа извршени 204 трансакции, со тоа што 12 хартии излегоа како добитници, а 16 како ’загубари’. Без промена беше само една акција. 
Трите индекси постојано го следеа црвениот негативен тренд. Па така МБИ 10 куртули од поголеми загуби, завршувајќи на -0,87%.  Вредноста на МБИД денес имаше спектакуларен пад  - цели 3,55 отсто. ОМБ затвори со 0,03 отсто во минус.
 
На крајот на денешното тргување со најголем пораст остана акцијата на Земјодескиот комбинат Пелагонија, којашто успеа да ја зголеми својата просечна цена за 6,63 отсто, (4.052 ден). Акцијата на Алкалоид (+1,56%, 5.284,26 ден) и акцијата на Стопанска Битола (+0,43%, 4.019,61 ден) на крајот затворија во позитива, иако нивната вредност беше намалена за 0,01 отсто во однос на претходната промена. Зелен крај имаше и акцијата на Топлификација, која што низ низа трансакции успеа да ја надополни изгубената вредност. Па така од -0,05% оваа акција премина во +0,62 отсто, и просечна цена од 5.185,50 денари. При крајот на денешното тргување со позитивен предзнак беше акцијата на Бетон, чија просечна цена се зголеми за 0,38%, и сега изнесува 11.984 денари. 
 
Кај акциите од МБИ 10, со пад на вредноста затворија акциите на Макстил, Охридска банка, Гранит и Комерцијална банка. Акцијата на Макстил на денешното тргување осцилираше постојано во црвено, за на крајот да заклучи на -9,91 отсто и просечна цена од 273,34 денари. По нешто повеќе од еден отсто изгубија акциите на Охридска банка (-1,37%, 200 ден) и Гранит (-1,27%, 900,97 ден). Со последната промена на акцијата на Комерцијална банка, цената се намали за 0,85 отсто а нејзината просечна цена е 4.300 денари.   
 
Белег на денешното тргување оставија акциите кои во последните трансакции успеаа да се закитат со дополнителна вредност. Па такви беа акциите на Кјуби и Окта, кои претходно беа со црвен предзнак, за да на крајот затворат со +2,17% и +0,08 отсто, соодветно. Дополнување на својата вредност имаше акцијата на Тиквеш Скопје и тоа со 1,87 отсто во плус. 
Со намалување на својата вредност беа акциите на РЖ Ленти (-9,91%), па следи РЖ Услуги со 1,27 во минус. Акцијата на Скопски пазар со која што беше извршена и блок трансакцијата, успеа да прибере најмногу промет на денешното тргување (81.219.900,00 денари), иако имаше намалување за 3 отсто. Нејзината просечна цена изнесуваше 19.400 денари.
Со незначително намалување беше регистрирана акцијата на Фершпед чија што просечна цена изнесува 93.300 денари. Акцијата на Телеком своите мали движења во плус, некако ги насочи во погрешна насока, и тоа кон негативната зона, каде што вредноста се намали за 0,23%.
Од државните обврзници за денационализација со зелено беше само РМ01 (91,20) и пораст од 0,22%, додека пак РМДЕН07 (-0,31%) и РМДЕН05 (-0,12%) останаа на своите последни промени. 
 
(Мк Фондови)
Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови