| 21.10.2008 10:06 | ||
| Акцијата на Макстил со најголем промет |
|
|
Остварен беше промет од 12.813.622,22 денари, каде што најголем дел од овој промет му припаѓа на акцијата Макстил. Вредноста на МБИ 10 во 11:00 часот беше -0,78%, ова намалување беше причинето од падот на шест акции кои се во негов составен дел. Акциите на Грнит и Топлификација сеуште во зелена зона, и двете акции додао дополнителна вредност. Со последното тргување на овие две акции промените се следни Гранит се зголеми за 0,05% (+0,50%, 905,47ден), додека пак за 0,09 отсто раст имаше акциајта на Топлификација (+0,29%, 5.200,55 ден). Својата негативна вредност ја зголеми акцијата на Макстил и тоа за 0.34 отсто, па така моменталната просечна цена изнесува 265 денари. Оваа акција воедно низ минати 18.890 акции успеа да оствари најголем промет во овој дел од тргувањето (5.006.980,00 ден). Со помалку од еден отсто се намалија акциите на Стопанска Битола (-0,40 отсто, 4.003,39 ден) и акцијата на Комерцијална банка (-0,34%, 4.286 ден). На својата последна промена останаа акциите на Алкалоид (5.192,43 ден), Макпетол (52.230 ден) и ЗПКО (4.050 ден). Во плус со 4,11 отсто се истакна акцијата на ТТК банка, која што низ 400 минати акции успеа да ја зголеми својата просечна цена (1.360 ден). Со двоцифрена негативна промена беше забелажана акцијата на Аутомакедонија (-13,89%), додека пак за околу три отсто намалување имаа акциите на Идевелоп (-3,9%) и РЖ Услуги (-3,43%). (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









