Продолжувајќи со изнаоѓање причини да и наштети на Македонија под закрила на спорот за името, Грција му забрани на единствениот авиопревозник МАТ да ја користи нејзината територија доколку не го смени името.
По неодамнешната забрана за увоз на јагниња од Македонија, Грција ги забрани и летовите на МАТ над нејзината територија, барајќи промена на името на компанијата. И пред оваа официјална забрана, грчките воздухопловни власти му го отежнуваа работењето на МАТ во прелетите над јужниот сосед. Како реакција, МАТ ги повлече барањата за чартер летови во сезоната, од што и двете земји ќе претрпат економски штети, зашто македонските туристи се едни од најмногубројните во Грција. Економските односи меѓу двете земји почнуваат да наликуваат на односите за време на ембаргото во деведесеттите.
|