ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
21.10.2008 11:09
Двојно повеќе губитници од добитници Испечати Е-пошта
Sample Image
Акцијата на РЖ Фаморд губитник на денот
Вкупниот остварен промет денес изнесуваше 20.822.265 денари, каде што поголемиот дел го зафати прометот кој беше остварен на официјалниот пазар (19.961.421 ден), додека пак остатокот му припадна на редовниот пазар (860.844 денари). Овој промет беше остварен низ 182 трансакции. Се на се, на денешното тргување имаше повеќе губитници (16), отколу добитници (8), додека пак без промена останаа само пет акции.
 
Од котираните компании, акцијата на Макпетрол денес заработи најмногу. Просечната цена на оваа акција денес се зголеми за 320,83 денари (+0,80%), па така денешната заклучна просечна цена затвори на 52.743,33 денари. Акциите на Гранит (907,08 ден) и Топлификација ( 5.200,65 ден) останаа на последното зголемување и тоа +0,68% и +0,29%, соодветно. На самиот крај на денешното тргување акцијата на Бетон се појави со незначителен пораст и тоа со 0,05%, иако минаа само четири акции со просечна цена од 11.990 денари. 
 
Од останатите акции на МБИ 10 со негативен предзнак завршија акциите на Макстил (-4,26%, 261,68 ден), Охридска банка (-3,95%, 3.600 ден), ЗПКО (-1,72%, 3.982,41 ден) и  акцијата на Алкалоид (-1,63%, 5.197,88 ден). Со нешто помал пад од еден отсто на вредноста беа регистрирани акциите на Стопанска банка Битола (-0,40%, 4.003,39 ден) и Комерцијална банка (-0,22%, 4.291,19 ден).  
 
На денешното тргување со најголем пораст на својата вредност беше акцијата на Жито Лукс Скопје, со чија акција се тргуваше во последниот половина час. Оваа акција отскокна за 6,67 отсто, додека со нешто помало зголемување беше регистрирано кај акцијата на ТТК банка (+5,04%). Оваа акција при крајот на тргувањето со 200 акции успеа да се зголеми за помалку од еден отсто. Трета на листата со најголем пораст имаше акцијата на Жито Вардар (+1,64%). 
 
Трите акции со најголем пад на својата вредност се следниве: РЖ Фаморд, кој денес изгуби убедливо најмногу (-43,64%), па следат Аутомакедонија со 13,89 отсто во минус и РЖ Ладна Валавница, со пад од 9,94 отсто. Се намалија цените и на Кјуби и Солун 2001. Акцијата на Кјуби имаше пад за 3,03 отсто, промена што беше остварена со минати 30 акции со просечна цена од 1.051,33 денари. Со акцијата на Солун 2001 последен пат се тргуваше на 01.10.2008 година, при што нејзината вредност не оствари промена, но денес оваа акција се најде во црвено со -1,64%.       
 
(Мк Фондови)
Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови