ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
17.04.2008 06:02
Спогодба со Црна Гора за сезонски работници Испечати Е-пошта

Sample Image

Поради масовниот одлив на градежни работници, Македонија бара од Црна Гора итно да се склучи спогодба за сезонски вработувања со која ќе се стави ред во бизнисот со извоз на работници на црно, јавува А1.

Медиумите ја пренесоа изјавата на Министерот за труд и социјална политика Трајанов, кој известил дека е иницирана постапка со Црна Гора за склучување посебна билатерална спогодба, која е прифатена од црногорските власти. Целта на спогодбата е да воведе ред во неконтролираниот и се помасовниот одлив на градежни работници во Црна Гора.

Македонија ваков договор има склучено само со Германија, со кој е утврдена годишна квота од 400 работници, кои може легално може да заминат на работа во таа земја. Спогодба има и со Словенија, но договорот уште не е ратификуван од словенечкиот Парламент. Освен тоа, преговори за испраќање на македонки градежници се водат и со Катар, а и покрај повеќето обид за склучување на спогодба и со Италија, официјален Рим се уште не одговорил на македонските барања.

Синдикатот за градежништво тврди дека постои вистински хаос во бизнисот со нелегален извоз на македонски работници. Според Синдикатот, никој не води грижа за тоа како и на кој начин македонските работници заработуваат надвор од државата. Ниту Синдикатот ниту Владата немаат податок за тоа колкав број македонски граѓани работат на црно во странство.  

И покрај објаснувањето од Министерството дека работници во други земји може да испраќаат само приватни лиценцирани агенции за посредување при вработување, државната агенција за вработување и матичните компании на работниците, изгледите се дека и оваа градежна сезона ќе дојде до масовен одлив на работници од Македонија, поради објавата на Црна Гора дека нуди вработување на над 10,000 луѓе од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Платите во Црна Гора се движат од 800 евра месечно па нагоре. 

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови