| 22.10.2008 09:02 | ||
| Кратко траеше растот на МБИ10 |
|
|
Во моментот, вредноста на МБИ 10 (-0,49%) повторно потона во црвено, иако барем на кратко беше забележано зелено придвижување за време на фиксинг режимот на тргување. Топлификација со последната промена поскапе за 47,33 денари, па така моментната нејзина вредност изнесува 5.223,67 денари. Промената е со +0,44%, а беше остварена со 75 минати акции. Во зелено се појави и акцијата на Бетон која порасна за 0,10 отсто (12.002 денари). Во црвената зона се најдоа четири акции од МБИ 10. Меѓу нив најголем пад на вредноста имаше акцијата на Макстил, која се слизна за -2,93% (254 ден). Ова намалување се оствари со 2.362 акции. Слично намалување имаше и кај Стопанска банка Битола (-2.88%, 3.888 ден). Вчерашната постигната вредност на Макпетрол (52.743,33 ден), утрово се намали за 728 денари, што преставува пад од -1,38. Акцијата на Гранит се намали за дополнителни -0,02 отсто, па така сегашната вредност е околу 898,86 денари, (-0,91%), при истргувани 232 акции. Од останатите акции, во овој дел од тргувањето во минус беше акцијата на Скопски пазар, чија промена остана на претходното ниво (-4,46%). Во плус беше РМДЕН07 и тоа со +0,20%, додека Фабриката за цевки 11 Октомври порасна за 0,17 отсто. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









