ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
18.04.2008 05:07
Келер ја повика Атина на соработка Испечати Е-пошта

„И Грција треба да покаже подготвеност за компромис во решавањето на спорот со името“, беше главната порака што вчера од Скопје ја упати до Атина германскиот претседател Хорст Келер, кој е во тридневна официјална посета на Скопје. 

Германскиот претседател упати апел до грчката влада „да изрази подготвеност за компромис, за да може по неколку месеци да кажеме дека спорот со името е решен“.

Во изјавите по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски за спорот со името меѓу нашата земја и Грција рече дека Германија многу жали поради неупатувањето покана за членство на Македонија од страна на НАТО, „но ние продолжуваме со сериозната поддршка да се реши ова прашање“, јавува Утрински весник. Тој, меѓутоа, не дал прецизен одговор на прашањето дали Германија и другите големи европски држави ќе преземат конкретна иницијатива за решавање на спорот, одговарајќи дека постои медијаторство во рамките на ОН за тоа прашање. Келер единствено рекол дека „ЕУ има сопствен интерес да се реши ова прашање“.

Црвенковски го информирал Келер за македонските позиции во спорот со името, потенцирајќи дека „и покрај изборите продолжуваме со преговорите посветено и одговорно“. „Македонија е подготвена на компромис доколку е фер, но Македонија не е подготвена да прифати чиј било диктат“, порачал Црвенковски, критикувајќи ги тезите кои заговараат чекање од 5, 10, 15 години за решавање на спорот, велејќи дека „тие не држат, бидејќи и тогаш, повторно, ќе се соочиме со грчкото противење на Македонија“.

Освен за политички, двајцата претседатели на средбата разговарале и за прашања од економската сфера. Поточно, изнесувајќи го фактот дека Германија е еден од најголемите трговски партнери на нашата земја со 740 милиони евра трговска размена, Црвенковски подвлекол дека Македонија е заинтересирана за директни германски инвестиции.

На тоа, Келер прокоментирал дека инвеститорите треба сами да пресметаат дали тука им се исплати да инвестираат или не. Освен тоа, тој и порачал на Македонија дека „мора да решите одредени работи, како што се правната сигурност, транспарентноста, борбата против корупцијата, јавните набавки“, за да се заокружи целиот систем и да функционира економијата. Келер во Македонија допатува и со делегација од претставници на реномирани германски компании, јавува Утрински.

Ова е прва посета на германски претседател на Македонија по десет години. 

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови