| 22.10.2008 13:51 | ||
| Цената на нафтата под 70 долари за барел |
|
|
Нафтата денеска на берзата во Њујорк поефтини за повеќе од четири отсто на речиси најниското ниво во 16 месеци, односно под 70 долари за барел, поради загриженоста дека намалувањето на производството на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) нема да биде доволно да го неутрализира негативното влијание на падот на побарувачката на енергенсот во државите - водечки потрошувачи. Цената на американската „лесна“ нафта за терминска испорака во декември денеска на берзата во Њујорк опадна за 2,58 долари на 69,67 долари за барел, а во еден момент со неа се тргуваше по цена од само 68,90 долари за барел. Европската „брент“ нафта на Меѓународната берза на петролеум во Лондон во исто време поефтини за 2,28 долари - на 67,44 долари за барел. На поефтинувањето на нафтата исто така влијаеше и очекувањето дека неделниот извештај на статистичката служба на американското Министерство за енергетика, кое треба да биде објавен доцна попладнево, ќе покаже раст на залихите на нафта и горива во САД во изминатата недела. Покрај нафтата, поефтинија и металите, чиј пад на цената се припишува на јакнење на вредноста на доларот и зголемената продажба на берзата. (Кирилица)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









