Нетпрес ја пренесува веста на “Њу Косова рипорт“, кој пишува дека Генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис, изјавил дека регионот на Балканот не е дестабилизиран по објавата на независност од страна на Косово.
Според изворот, Дејвис додал дека, и покрај тој факт, се забележува неспокојство, со оглед на тешкотиите исправени пред државите од регионот. Според него, предизвиците во регионот ги вбројуваат грчкото вето за членството на Македонија во НАТО и предвремените избори во Македонија и Србија.Во сличен тон и контекст на ова е и вчерашната изјава на европскиот комесар за проширување Оли Рен, кој, искажувајќи ја подготвеноста на ЕУ да му помогне на Косово да застане на нозе, укажал на тоа дека изборите во Србија се клучни за стабилноста и добрососедските односи во регионот. Доколку тие два процеса завршат успешно, рекол тој, на регионот му претстои светла иднина.
|