Во своите изјави по средбите со државниот врв, медијаторот Нимиц подвлекол дека и од Црвенковски и од Груевски ја добил истата порака два пати - дека се за продолжување со преговорите и нивно забрзување.
Освен што излегол задоволен од фактот што има подготвеност за името да се преговара и покрај тековните подготовки за изборите, медијаторот изјавил дека видел флексибилност и подготвеност за компромис и кај Македонија и кај Грција.Порачувајќи дека Македонците треба да се гордеат со своето име, зашто тоа е нивно, Нимиц сепак потсетил дека и Грција треба да го прифати. Меѓутоа, рекол тој, овој пат не е дојден со предлог за името. Тој изразил оптимизам дека дека до решение ќе може да се дојде набргу, дури - зошто да не - и до јули, истакнувајќи дека и Грција има интерес да има стабилен сосед и членка на НАТО. Сега, продолжил, не само двете страни туку и целата меѓународна заедница, особено САД, сакаат да се дојде до решение, пренесува Сител.
Сител, повикувајќи се на извори од МНР, јави дека министерот Милошоски, пред крајот на официјалниот дел од средбата, истата ја напуштил. Наводно, бил замолен да остави простор - останатите соговорници да разговараат во четири очи. На средбата присуствувал и преговарачот Димитров.
|