ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
27.10.2008 08:40
Тиквеш меѓу топ 30 вински брендови Испечати Е-пошта
Sample Image
Тиквеш е единствена од Југоисточна Европа

Винарската визба „Тиквеш“ е избрана меѓу 30-те водечки глобални вински брендови на еден од најзначајните и најпознати светски саеми за прехранбена индустрија – СИАЛ (www.sial.fr)  во Франција.

Според зборовите на одговорните луѓе од СИАЛ, „Тиквеш“ го заслужи своето место во друштвото на водечките светски винарии „поради иновативниот приод во работењето, постигнатиот комерцијален успех и додадената вредност која придонесува кон стимулирање на пазарот на вино“.

Во групата 30 топ светски винарии, покрај „Тиквеш“, која е единствена од Југоисточна Европа, се наоѓаат и 16 вински брендови од Франција, три од Австралија, по два од Германија и Аргентина и по еден од Португалија, Шпанија, Италија, Нов Зеланд, Чиле и Кина.

- Голема чест е да бидете дел од светската винска елита. Тоа е најсилна верификација за сите наши досегашни напори и вложувања во развојот на винскиот бизнис и култура, не само во Македонија, туку и глобално. Ова е и дополнителен поттик и енергија да продолжиме со создавање вина со врвен квалитет, рече Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на „Тиквеш“, на претставувањето на водечките светски вински брендови што се одржа во рамки на СИАЛ.

На презентацијата, „Тиквеш“ ги претстави уникатните врвни македонски вина Вранец и Темјаника од сериите Special Selection и Limited Edition.

Учеството на саемот СИАЛ во Франција беше искористен и за остарување деловни контакти и размена на искуства со голем број претставници на светската винска индустрија. Претставниците на „Тиквеш“ и на останатите водечки светски винарии во групата ТОП 30, се договорија идната година во Париз да одржат заеднички состанок на кој ќе се сумираат најновите достигнувања и ќе се постават иднините трендови во светската винска индустрија.

(Сител)

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови