| 27.10.2008 12:05 | ||
| Најниска вредност на МБИ 10 во последните 12 месеци |
|
|
На денешното тргување со позитивен предзнак на крајот беа регистрирани само четири акции. Предводник на оваа група беше ЕМО и тоа со 16,44%, па со 3,62% следи Витаминка. Вредноста на оваа акција во последниот час од тргувањето се зголеми за дополнителни 0,49%. За помалку од еден отсто пораснаа Трикотажа Пелистер Битола (+0,38%) и Комуна (+0,15%). Со најголемо потoнување денес беше регистрирана акцијата на Фершпед која со само 6 акции успеа да ја намали својата просечна цена за 17,96% (74.652,00 ден). Охим гес Госитвар (-16,67%), Квасара Битола (-14,29%) и Жито Вардар (-13,52%) имаа двоцифрен негативен предзнак, додека пак останатите акции имаа помала загуба. Телеком и понатаму го следи црвениот тренд, па така и денес оваа акција уште повеќе ја намали својата вредност (-6,82%). Со слично намалување беше и Тетекс Тетово чија што вредност се слизна за -6,84 отсто. Денес од државните обврзници се тргуваше само со обврзниците за денационализација од трета (-0,62%), четврта (-0,12%) и седма емисија, каде што со најголем пад имаше РМДЕН07 чија вредност се намали за -0,71%. Индексот на десете најкотирани акции (МБИ 10), денес го допре дното. Вакво движење на овој индекс не е регистрано во изминативе 12 месеци. Каква ќе биде насоката на движење на МБИ 10 утрешниот ден никој не може да предвиди, дали вредноста ќе се подобри или ќе потоне под 3000 индексни поени? Останува да видиме. Неговата заклучна вредност денес беше 3.017,15 индекси поени, што во однос на стартната вредност е намалена за -8,65%. Црвениот негативен тренд беше истакнат и кај МБИД и ОМБ кој денес запреа на -2,21% (3.275,24 поени) и -0,27% (103,77). Од МБИ 10 акциите најголемо потонување во минус како предзнак беше акцијата на ЗПКО (-15,94%) чија вредност застана на 3.225,25 денари. Со по десет отсто помалку на својата вредност, утрешното тргување ќе го започнат Макпетрол (42.716,00 ден) и Топлификација (4.365,00 ден). Просечните цени со последните потонувања на Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит се следни 3.743,00 ден (-9,99), 4.391,04 ден (-9,85%) и 11.073,37 денари (-9,61%), соодветно за секоја. Акцијата на Бетон поефтини за 16,03 денари (-6,92%), со минати 184 акции по просечна цена од 11.073,37 денари по акција. Со минати 34.908 акции на Макстил денешната цена се намали за -2,82% (236 ден). Со слично намалување беше и Стопанска банка Битола (-2,76%, 3.603 ден). Денешниот вкупен промет кој се оствари со тргувањето изнесува 44.912.456,87 денари, каде што РМДЕН04 зафаќаат најголем дел (13.108.847,59 денари) со минати 265.320 обврзници. Втора по најголем промет е Макстил со заработени 8.238.288,00 денари. Овој промет беше заработен со 34.908 акции со кои што се тргуваше во повеќе наврати. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









