Времето во кое се одвиваат преговорите е тешко, изјавил медијаторот Нимиц по средбата со шефицата на грчката дипломатија Бакојани. 
Според медиумите, на Нимиц му треба време да ја проаналзира состојбата по последните средби со двете страни. Сега зсега, не знае во каков формат ќе продолжи процесот на преговори. Во моментот, можно е и тој самиот да се врати наскоро и во двете земји, но можно е и преговорите да продолжат со нова рунда со двајцата главни преговарали во Њујорк.
И покрај тоа што овој пат не дошол со нови предлози, ниту пак некаква конечна препорака во поглед на името или на роковите, тој останува уверен дека процесот ќе заврши успешно, зашто на средбите со двете страни бил сведок на искрените намери и на Скопје и на Атина спорот да се надмине бргу. Нимиц нагласил дека тоа особено се однесува на Скопје, но во финалното коминике од самитот на НАТО на двете земји им се препорачува брзо да го надминат спорот во интерес на стабилноста на регионот. Од друга страна, Бакојани, одбивајќи да даде изјава на англиски јазик за македонските медиуми, подвлекла дека на маса се во игра повеќе опции, а не само еден предлог. Таа, наводно, ја вратила во игра идејата за „Нова Македонија“ како име кое има географска компонента. Според неофицијални извори на телевизија А1, фокусот на грчката дипломатија на денешната средба бил не на името, туку на пакетот кој оди паралелно со него. Искористувајќи ја внатрешната ситуација во Македонија, јужниот сосед се обидува да го убеди Нимиц да го редефинира предлогот според кој Македонија во графата за нација и јазик во ОН треба да го добие атрибутот македонски, јавува А1.
|