| 28.10.2008 09:33 | ||
| МБИ 10 уште во фиксингот со црвено |
|
|
Во денешниот фиксинг режим на тргување, понудата и побарувачката се сретнаа само на една акција и една обврзница. Државната обрзница за денационализација од петата емисија со минати 800 обврзници не успеа да направи промена на својата вредност. Нејзината промена изнесуваше 0,00%. Акцијата на Земјоделскиот комбинат Пелагонија денешниот ден го започна во негатива и тоа со -11,01%. Ова намалување се оствари низ минување на 100 акции по просечна цена од 2.870 денари. Падот на оваа акција го насочи МБИ 10 во црвената зона. Па така вредноста на МБИ 10 во 9:30 часот изнесуваше 3.007,24 индексни поени (-0,33%). Другите два индески МБИД (3.275,24) и ОМБ (103,77) останаа без промени. До сега се оствари промет во износ од 326.673,09 денари. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









