|
Две теми доминирале на разговорите меѓу германските бизнисмени - лоцирање на секторите во кои може да се инвестира, но и детали за судството и законската регулатива што го штити странскиот капитал во земјава. 
Хартмуд Шауерте, парламентарен државен секретар на Република Германија, изјавил дека се зборувало зае за инфраструктурата, за енергијата, вклучително и за обновливи енергии. Потпретседателот на Владата Зоран Ставрески ги информираше новинарите дека интерес од германска страна постои, посебно за реализација на еден крупен проект на Владата на Република Македонија, којшто предвидува на делот на касарната „Илинден“ да се изгради голем резиденцијален и бизнис центар“, пренесува А1. Сепак, германската бизнис делегација ќе замине без конкретни договори за вложување. „Ова не беше средба на која се очекуваше претставување, договарање и потпишување на конкретни договори, туку едноставно испитување на можностите за идна соработка“, рекол Шауерте. Во моментов, една од позначајните германски компании што сака да влезе во Македонија е „РВЕ“, која учествува на тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Германија се смета за еден од најзначајните партнери и најголеми финансиски донатори на Македонија, но вкупните директни инвестиции кои дошле во земјата од Германија изнесуваат само 64 милиона евра.
|