Премиерот Никола Груевски вчера обелодени дека, по изборите, доколку освои потребно мнозинство, во составот на новиот владин кабинет за партнер од албанскиот блок партии повторно ќе коалицира со ДПА, јавува Утрински весник.
Тој изјавил дека не се гледа во ниту една од двете коалиции што се вртеле деновиве по медиумите, информирајќи ја јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ формирала трета коалиција која ќе била и европска и патриотска. Како што пренесуваат медиумите, Груевски декол дека целта на партијата е таа нова коалиција е да освои најмалку 61 пратеничко место, за да ги избегне уцените од други коалициски партнери, нагласувајќи дека е разбирливо само по себе дека, по изборите, би сакале повторно да бидат со истиот партнер од албанскиот блок како и досега. Со ова, јасно ставил до знаење дека плановите на ВМРО-ДПМНЕ ни овој пат не ја вклучуваат ДУИ како коалиционен партнер во Владата. Сепак, актуелниот премиер одбил да ги наведе и другите партии кои би влегле во таквата коалиција, оставајќи место за сите кои ќе ја прифатат нивната платформа.
|