| 29.10.2008 09:42 | ||
| Во фиксингот индексите останаа без промена |
|
|
Во денешниот фиксинг режим на тргување се најдоа четири акции, каде што три од нив ја намалија својата вредност. Од нив најголем пад имаше акцијата на Теал Алумина од Тетово. Намалувањето од 10,77 отсто, не е изненадувачки од причина што цената на металите е се поефтина. Со оваа акција во изминативе 52 недели беа извршени само во три наврати имаше тргување каде што беше остварен промет во износ од 5.847.400 денари. Максималната цена на оваа акција е 650 денари. Со последната промена на денешното тргување оваа акција дојде на 580 денари просечна цена, беа минати 2.800 акции. Акцијата на Комуна Скопје исто така се најде со негативен предзнак во денешниот фиксинг режим на тргување. Оваа акција во месец октомври имаше најразлични осцилации. Своето последно тргување го имаше пред два дена (27.10.2008 година) каде што нејзината порсечна вредност порасна за 0,15%. Но со денешната промена просечната цена на оваа акција беше намалена за 6,30 отсто. Со помал пад на вредноста беше и РЖ Услуги чија вредност се намали за 0,37%. Просечната цена на оваа акција со оваа промена изнесува 252 денари. Единственото зелено движење во овој дел од тргувањето и припадна на Жито Лукс Скопје, која низ 200 минати акции успеа да порасне за 0,12 отсто. Во месец октомври оваа акција постојано се движеше со негативен предзнак, а со тоа и постојано ја намалуваше својата вредност. Својот најголем пад овој месец беше регистриран на 16.10.2008 година, каде што просечната цена се намали за неверојатни 24,05 отсто. Својата најголема вредност оваа акција ја има досегнато на 17.11.2007 година каде што цената достигна 1.089 денари по акција. Од тогаш па се до денешното тргување оваа акција се повеќе ја намалува својата вредност. Индеските останаа без промена на својата вредност, додека пак прометот изнесуваше 1.930.520,00 денари. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









