| 19.04.2008 10:50 | ||
| Отворени фондови |
|
|
|
1.Што е отворен инвестиционен фонд? Отворен инвестиционен фонд претставува посебен имот, без својство на правно лице, се основа за прибирање на парични средства по пат на продавање на удели и откуп на истите на барање на сопствениците на удел на Фондот. Цел на инвестициониот фонд е зачувување на вредноста на имотот преку остварување на висока стапка на принос на долг временски период инвестирајќи ги средствата на домашниот и на странските пазари за хартии од вредност, односно зголемување на приходот во однос на приходот од орочено штедење, приход на паричните фондови или на оние кои вложуваат во обрзници. Отворениот фонд го основа и со него управува друштвото за управување со фондови кое има статус на шравно лице. Минималниот капитал од 500.000,00 евра фондот треба да ја прибере во рок од три месеци од објавувањето на јавниот повик.
2. Права и обврски на сопствeниците на удели
3. Што е проспект на фондот? Проспект на Фондот е документ во кој поблиску се дефинираат прашања поврзани со инвестициониот фонд, како што се, инвестиционата полтика, ризици, принципи на инвестирање, учество во добивката, името и седиштето на депозитната банка, надместоците и трошоците кои паѓаат на товар на инвестициониот фонд и инвеститорот, начин на известување и информирање, права и обврски на сопственикот на удели, и др. Пред да стане сопственик на удел во Фондот, инвеститорот е должен да се запознае со содржината на Проспектот и врз таа основа да ја донесе својата инвестициона одлука.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|









