| 29.10.2008 12:35 | ||
| Tрите индекса завршија во плус |
|
|
Со двоцифрен позитивен предзнак на денешното тргување денес се најдоа Тетекс Тетово и Тутунска банка Скопје. Овие две акции денес ја зголемија својата вредност за 11,76% и 10,80%, соодветно за секоја. Пораст за околу два отсто имаа ТТК банка и РЖ Услуги. Нивната просечна цена со последната промена изнесува 1.300,23 ден (+2,70%) и 146,71 ден (+0,49%). Акцијата на РЖ Услуги во денешниот фиксинг ја намали својата вредност, за да на крај затвори во позитивната зона. Во зелено завршија и акциите на РЖ Ладна валвница (+0,49%) и Реплек (+0,21%) кои пораснаа за помалку од еден отсто. Само две акции кои не се во составот на МБИ 10, на крајот од денешното тргување беа забележани со минус и тоа Теал Алумина Тетово и Комуна Скопје. Со овие две акции се тргуваше само во делот на фиксинг режимот на тргување. Од 10 најликвидни акции во индексот МБИ 10, денес се тргуваше со сите. Од нив само Охридска банка и Стопанска банка Битола затворија со негативен предзнак, додека пак останатите осум акции ја зголемија својата вредност. Вредноста на Охридска банка со намалување за 0,73 отсто, дојде на ниво од 3.126,96 денари, додека пак просечната цена на Стопанска Битола изенсува 3.236,51 ден (-0,20%). По остварениот промет, втора на листата е Стопанска банка Битола која што оствари 2.958,171,00 денари. На врвот со пораст од оваа групација на акции се истакна Земјоделскиот комбинат Пелагонија, кој успеа низ 75 акции да порасне за 7,73 отсто. Просечната цена на оваа акција со ова зголемување е 3.188,27 денари. Втора акција со најголем пораст е Бетон, кој затвори на 11.594,90 денари што е пораст за (+5,41%). Оваа вредност е поголема за 204 денари, кога оваа акција имаше пораст од +7,26 отсто со минати само 44 акции. Но со минување на дополнителна 81 акција оваа позитивна вредност се намали за 1,58%. Макстил (+3,71%, 237,53 ден) и Алкалоид (+3,04%, 4.656,19 ден) имаа сличен пораст за околу три отсто. Гранит на самиот почеток на денешното тргување порасна за 5,22%, за да низ целото денешно тргување постојано ја намалуваше својата позитивна вредност. Па така на крајот застана на +2,51 отсто со просечна цена од 718,98 денари. Ова намалување беше причинето од големиот број на акции кои денес минаа на тртувањето (3.135 акции). Просечната цена на Топлификација со последната промена изнесува 4.503,39 денари. Промената од +2,43 отсто беше остварена со минување на 209 акции. Денес беа регистрирани 32 акции на Макпетрол со кој се тргуваше (+1,18%, 43.688,44 ден). Зелените осцилации на Комерцијална банка запреа на +0,07 отсто, па така утрешниот ден оваа акција ќе го започне со просечна цена од 3.745,48 денари. Оваа акција и денес е предводник на листата со најголем остварен промет и тоа со 17.543,815,00 денари. Индексот ОМБ затвори на 103,96 поени (+0,09%), благодарејќи на обврзниците со кои се тргуваше и кои успеаа да остварат позитивна промена. Се тргуваше со РМДЕН04 (+0,50%), РМДЕН03 (+0,35%), РМДЕН05 (+0,12%), РМ01 (+0,03%) и со РМДЕН07 (+0,02%). Најголем број на истргувани обврзници имаше РМДЕН07 и тоа 12.369. Вредноста на МБИ 10 полека ја опоравува својата вредност (+1,89%). Тргувањето утре ќе го започне со 3.045,70 индексни поени. МБИД почна да го следи зелениот тренд, па така денес затвори на 3.148,69 поени, што е за 1,13 отсто повеќе од стартната вредност со која го започна днешното тргување.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









