 Според анкетата на Центарот за истражување и креирање политики, спроведена овој месец, дури 23,7 отсто од 1,100 испитаници се изјасниле дека ќе гласааат за ВМРО-ДПМНЕ, а наспроти тоа, само 12,3 отсто од анкетираните рекле дека ќе го изберат СДСМ.
Од албанските политички партии, ДУИ се издвојува со повисок рејтинг од сегашниот коалиционенр партнер ДПА. За партијата предводена од Али Ахмети во овој момент би гласале 9,7 отсто, а за ДПА на чело со Мендух Тачи гласот би го дале само 6,9 отсто. Од вкупниот број испитаници, 18 отсто изјавиле дека нема да гласаат за ниту една партија. Повеќе од 6 отсто се изјаснле дека дури воопшто нема ни да гласаат. Во текот на анкетата, партијата на Тито Петковски НСДП добила само 0,9 отсто од гласовите. За Љубчо Георгиевски и неговата ВМРО-НП би се изјасниле 0,5 отсто, а за ЛДП 0,2 отсто. ПДП ’доби’ 0,4 отсто, а ДУА 0,1 отсто од гласовите. Остатокот од 4,6 отсто им припаѓа на останатите политички опции.
Според Центарот за истражување и креирање политики од 1.100-те анкетирани граѓани, 66,6 се изјасниле како Македонци, 25,4 биле етнички Албанци, 3,7 отсто Турци, а 4,3 од останатите етнички заедници, пренесува дневниот весник Вечер.
|