| 3.11.2008 09:29 | ||
| Алкалоид ја започна неделата со надолен тренд |
|
|
Во фиксинг режимот на тргување се најде само Алкалоид, чија што вредност забележа пад за 0,16 отсто. Беа минати 40 акции по просечна цена од 4.700 денари со кој се оствари промет во износ од 188.000, 00 денари. Со ова намалување на акцијата, индексот МБИ 10 неделава ја започна со црвено. На самиот почеток од редовното тргување 11 Октомври (фабрика за цевки) успеа да се истакне со +9,20% во зелено, додека пак со далеку помал раст беше и државната обврзница за старо девизно штедење (РМ01), чија вредност се зголеми за 0,04%. Во овој дел од тргувањето, намалување на својата вредност имаа Комерцијална (-0,21%) и Охридска банка (-0,05%). Со овие промени нивните просечни вредности се следни 3.500 и 3.000 денари. Со ова МБИ 10 се намали дополнително (-0,09%, 2.999,55 поени). Останатите индекси имаа зголемување и тоа за МБИД за 0,92% и минимални 0,01% додаде индексот на обврзниците - ОМБ. Прометот во овој дел од тргувањето изнесуваше 1.978.334,31 денари. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









