ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
21.04.2008 06:05
Овчарите блокираат граници Испечати Е-пошта

  Sample Image

Грчките сточари, противејќи се на увозот на јагнешко и друго месо од Македонија, ја блокираа границата. Нивното објаснување е дека таквиот увоз го загрозува пласманот и цените на нивните производи, јавува Вечер.



Трговската ’војна’ меѓу Грција и Македонија се разгорува. Ова е втор удар за македонските сточари во рок од неполни две седмици. Кога минатиот пат властите во Грција ги стопира македонските јагниња - во екот на сезоната пред Велигден - во македонските трла останаа околу 60 илјади непродадени јагниња, ја пренесува веста дневникот Вечер.

Македонското Министерство за земјоделство излезе со тврдење дека не се работи за стопиран, туку за намален извоз на грчкиот пазар. Портпаролка на Министерството, Соња Трајкова, ја информираше јавноста дека веќе е најден алтернативен пазар за јагнешкото месо.

„По непосредните интензивни контакти на Министерството и на ветеринарните управи на Македонија и на Србија, од петокот македонското јагне се извезува на српскиот пазар. Ова е првпат македонското јагне да се најде на овој пазар наместо да транзитира до пазарите во Хрватска и во Италија и да се извезува во Грција. Во следните неколку дена до велигденските празници, извозот ќе се реализира континуирано со најмалку осум пратки“, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство.

според македонските власти, грчките сточари и кланици, всушност, го користат тековниот спор со името како парава, а во суштина се плашат дека, поради конкурентноста на македонското јагнешко месо, нивната заработка може значително да се намали.  Грчките сточари бараат трговците да им платат повисока цена за јагнешкото месо од сегашната - дури пет евра за килограм. Во спротивно, најавени се порадикални протести и демонстрации за денеска и за утре.

Националниот сојуз на одгледувачи на овци во Македонија тврди дека цената на македонското јагне е најконкурентна во регионот. Но, тоа е воедно и една од главните причина поради која толкав број јагниња останаа непродадени - сточарите одбиваа да ги дадат по цена од само 130 денари за килограм жива мера, тврдејќи дека тоа не е доволно ниту за покривање на основните трошоци.

На почетокот на март по просечна цена од 160 денари за килограм јагнешкото месо се транспортираше на италијанскиот пазар, бидејќи католичкиот Велигден е секогаш порано од православниот. За велигденскиот шпиц, годинава од земјава требаше да се извезат околу 200.000 јагниња, а на италијанскиот пазар се продадени повеќе од половина. Минатата година од земјава се извезоа околу 180.000 јагниња, но по повисока откупна цена од 180 денари за килограм, јавува Вечер.

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови