|
 Грчката шефица на дипломатијата во интервјуто за весникот Апогевматини најавила голема финансиска помош за Скопје, под услов Македонија да се откаже од непопустливиот став во врска со името, јавува телевизија Сител.
Таа изјавила дека Грција има обезбедено 75 милиони евра за изградба на Коридорот 10, со кој Македонија се поврзува со Грција и со Европската Унија. Освен тоа, ветила дека Грција ќе помогне во отворањето нови претпријатија и нови дејности, како и дека постепено ќе ги укине визите. Овие ветувања не се ништо ново: истите 75 милиони евра, како дел од грчката програмата за економска обнова на Балканот, уште во 2002 беа ветени како помош за Македонија, но речиси ништо од тоа не е реализирано. За разлика од Македонија, Албанија, Босна, Србија и Црна Гора веќе добија дел од средствата и проектите во тие земји се во тек, пренесува Сител.
|