|
 Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) најави кредитна линија од 250 милиони евра за поддршка на развојот на микро, мали и на средни претпријатија на Западен Балкан.
Според Утрински весник, Одборот на директори на ЕБРД ќе оддржи состанок на 12 мај годинава, за да го разгледува одобрувањето на оваа кредитна линија за финансиски институции во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Албанија и во Косово. Со овој проект би требало да се зајакне кредитирањето на малите и на средните претпријатија, со што би се овозможил развој на услугите кои во моментот во земјите не се на највисоко ниво, т.е. услуги како хипотекарни кредити, лизинг, услуги на факторинг, односно откупување краткорочни долгови, како и развој на услугите на осигурување во Западен Балкан, пренесува весникот.
|